Што се случува со Мурињо? Не планира ниту едно засилување во јануари!?

Португалецот Жозе Мурињо од доаѓањето на клупата на Тотенхем победи на четири од пет премиерлигашки натпревари. Со неговото пристигнување се активираа и бројни шпекулации за засилувања на тимот. Но, интересно, Мурињо тврди дека засилувања не му се потребни затоа што веќе има квалитетен тим.

„Опуштен сум затоа што во овој клуб го добив тоа што го очекував. Очекував дека ќе ме прашате дали ми смета тоа што Даниел Леви истакна дека не планираме многу да трошиме на засилувања. Па, јас го знаев тоа. Ми го кажа тоа и претходно, затоа што меѓу нас нема тајни и тоа ме прави среќен. Не сакам никакви изненадувања во клубовите. Тука ги нема. Дали би сакал 300 милиони фунти за засилувања во јануари? Не. Не сакам. Не ми требаат засилувања во јануари“ – вели Мурињо.

Тотенхем денеска го очекува пресметка со поранешниот клуб на Португалецот, Челси, клуб кој го водеше до три титули шампион на Англија.

Се вчитува...