Што се случува во Беса? Главниот финансиер заминува од клубот!

Што се случува во ФK Беса? Кој го спречува семејството Таири да инвестира во клубот? Екипата на Беса е единствената од оние кои следната сезона ќе играат во Втората лига а во кои не се најавуваат активности во пресрет на сезоната.

Екипата на КФ Беса од Гостивар Добридол на почетокот на минатата сезона беше една од најшармантните во Втората лига – Запад. Нескриена еуфорија по приклучувањето на највисокото ниво со силен спонзор, со млади и талентирани играчи, со амбициозен тренер, се мислеше дека тимoт може да го достигне врвот во второлигашката конкуренција, па и со најави за атак кон елитното друштво.

Такви беа и амбициите на сопственикот на клубот Мухамед Таири и неговите синови Зајдин и Елхам кои дадоа се од себе само за да го гледаат напредокот на Беса во македонскиот фудбал. Сепак, амбициите понекогаш не се реализираат и Беса во текот на сезонското патување имаше подеми и падови, но важно е што на крајот од првенството успеа да обезбеди опстанок.

И, сега место почеток на нова организација, во Беса владее голем молк?! Факт е дека клубот се носи кон постојана неизвесност, иако ниту самиот клуб ниту инвеститорите, семејството Таири, кои го вложија својот капитал за доброто на регионот и за промоција на фудбалот, не го заслужуваат тоа. Нивната визија, пак, уште помалку заслужува ингнорантскиот однос.

Навивачите на Беса очекуваат опоравување на клубот и силна екипа за следната сезона во Втората лига, која единствено е можна под инвестицијата на семејството Таири.

Се вчитува...