Што треба да направиш за да освоиш ЛШ? Доведи тренер за изведување на „аути“

Пред речиси една година Ливерпул во стручниот штаб го донесе Томас Гроненмарк како прв тренер за изведување на аути во историјата на Премиерлигата, кој исто така е и прв тренер кој има специјализација во тој дел од фудбалската игра.

Данецот кој претходно неколку години работеше за неколку клубови во својата земја и Германија, доби работа во еден од најголемите клубови на светот и тоа на барање на менаџерот на „црвените“, Јирген Клоп.

„Минатата година Јирген ме повика, имавме состанок и броз ја добив работата. Тоа беше остварување на мојот сон, бидејќи сум навивач на Ливерпул, а освојувањето на Лигата на шампионите е врвот во кариерата“, изјави Трененмарк.

 

Се вчитува...