Њукасл игра одлично сезонава, а газдите на клубот решија да му излезат во пресрет на барањето на менаџерот Еди Хау и да го доведат во клубот Ентони Гордон. Станува збор за млад офанзивен играч кој пристигнува од редовите на Евертон, откако клубовите конечно се договорија висината на трансферот да изнесува 40 милиони фунти.
Гордон уште пред десетина дена ги имаше договорено личните услови, а откако Евертон го стопираше трансферот младиот фудбалер почна да штрајкува, воопшто не тренирајќи неколку дена. На крајот, „карамелите“ попуштија, ја намалија сумата од 55 милиони фунти што ја бараа и ја прифатија зголемената понуда на Њукасл, од 35 на 40 милиони фунти.
Доаѓањето на Гордон најверојатно ќе значи и заминувањето на Алан Сан-Максиман, францускиот интернационалец кој до лани беше лидер на тимот, но сега повеќе не е ниту стандарден првотимец кај Еди Хау.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА