„Штркчињата“ триумфираа во меч на таленти во Србија (ФОТО)

МЗТ Скопје 2 оваа сезона одигра за чиста десетка, а активностите на „сино-белите“ не престанаа ниту по завршување на истата. Младиот состав од Аеродром беше дел од пријателски натпревар во Ниш на кој силите си ги одмерија талентирани играчи на ОКК Константин, а откако во регуларниот дел мечот заврши без победник (84-84), македонскиот тим по продолженија се радуваше на победа од 100-96.

Она што радува во пресрет на натпреварите од младинските европски првенства е враќањето на Виктор Исајловски на паркетот, кој поради повреда мораше да ја пропушти целата сезона. 19-годишникот „камбекот“ го закити со четири тројки.

Се вчитува...