„Штрковите“ брутално приземјени во Словенија

МЗТ Скопје катастрофaлно ја стартуваше финалната серија со Приморска, губејќи на првото гостување во Словенија со преубедливи 93-71. „Металците“ се надеваа на изненадување, но наместо тоа доживеаја убедлив пораз во натпревар во кој не функционираа ниту нападот ниту одбраната.

„Сино-белите“ добро парираа само во првите седум минути, кога по минималната предност на Приморска со 20-19 домашните кошаркари ја финишираа четвртината со серија од 8-0 и стигнаа до убедлива предност. Американецот Хенри беше незапирлив со ударите од далечина, Приморска поведе со 35-21, а МЗТ имаше краток блесок со серијата од 10-0 со која македонскиот претставник се врати во мечот (35-31). За жал, тоа беше се што „металците“ успеаја да сторат бидејќи словенечкиот состав заигра фуриозно до крајот на полувремето, па на одмор замина со убедливи 53-38.

МЗТ Скопје се наоѓаше во слична ситуација и во полуфиналето против Спарс, но овојпат избраниците на Кочов немаа ниту теоретска шанса за камбек и резултатски пресврт. Напротив, Приморска продолжи да го полни нивниот кош, па словенечкиот претставник славеше со конечни , за заслужено водство од 1-0 во пресрет на утрешниот втор натпревар.

Американецот Херис погоди седум тројки и постигна вкупно 24 поени, со што беше најдобар поединец кај победничкиот тим. Иванов со 13 и Бојиќ со 12 поени беа најефикасни во таборот на МЗТ Скопје.

Се вчитува...