Штрлек: Имаме голема предност, но во ракометот се случуваат чуда

Ракометниот шампион на Македонија Вардар денеска ќе му гостува на унгарскиот Веспрем во реваншот од осминафиналето во Лигата на шампионите. „Црвено-црните“ имаат невозможна мисија да ја анулираат негативата од осум голови (22-30) по првиот натпревар одигран во СЦ „Јане Сандански“.

Иако имаат голема предност, крилото на Унгарците, Мануел Штрлек вели дека и покрај големата предност која ја имаат не смее да дојде до опуштање, бидејќи во ракометот често се случуваат чуда.

„Имаме голема предност, но во минатото сме виделе многу шокатни резултати, па затоа мораме да бидеме претпазливи. Треба да се покажеме во најдобро светло и да победиме и на домашен терен, бидејќи мораме да ја кренеме самодовербата пред важните натпревари кои не чекаат во април“, изјави Штрлек. 

Натпреварот меѓу Веспрем и Вардар е закажан за 18.45 часот.

Се вчитува...