Фудбалерите на Штутгарт славеа на гостувањето кај Борусија Дортмунд со 1-2 во дерби натпреварот од 21. коло во германската Бундеслигата.
Гостите поведоа со 0-1 со автоголот на Антон во 50. минута. На 0-2 зголеми Чабот во 62. минута, додека конечните 1-2 ги постави Жулијан Брандт во 81. минута. Првиот меч на клупата на „милионерите“ како предводник го имаше Нико Ковач, но и тој не помогна тие да стигнат до поволен резултат.
Dortmund 0 – [2] Stuttgart – Jeff Chabot 62'
byu/dotuan211 insoccer
Aктуелниот шампион Баер Леверкузен одигра без голови 0-0 на гостувањето кај Волфсбург. Во останатите мечеви од програмата од 15.30 часто во Бундеслигата: Хофенхајм – Унион Берлин 0-4, Фрајбург – Хајденхајм 1-0 и Мајнц – Аугзбург 0-0.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА