Швајцарците редат порази, против Македонија без најдобриот од Скопје

Ривалот на македонската репрезентација на крајот од овој квалификациски циклус, селекцијата на Швајцарија, ќе влезе во дуелот со „црвено-жолтите“ со два порази што ги претрпе во изминатите денови на контролните натпревари што ги одигра на домашен терен.

Швајцарците најпрвин беа декласирани од Данска со 47-85, а потоа загубија и од аутсајдерот Кипар со 63-67, за уште една потврда дека станува збор за селекција што е предалеку и од европскиот просек на кошаркарски план.

Дополнителен проблем за Швајцарија е отсуството на најдобриот кошаркар на оваа селекција од дуелот со Македонија во Скопје. Марко Млаџан, кој на првиот натпревар за 21 минута на теренот реализираше 23 поени, надополнети со девет скокови, воопшто не е на списокот на кошаркари за овој натпревар. Дополнителен проблем за селекторот Барилари претставува повредата што Марко Портанесе ја заработи на мечот со Данска, поради што настапот на овој кошаркар (еден од најдобрите во швајцарскиот состав, член на Кремона во Италија) против Македонија е максимално неизвесен.

На списокот на швајцарскиот селектор се најдоа следните кошаркари:

Мечот меѓу Швајцарија и Македонија ќе се игра в четврток со почеток во 19.30 часот во Фрибург.

Се вчитува...