Шведска го декласираше Чиле, лесни победи и на Норвешка и Исланд

Репрезентацијата на Шведска стигна до убделива победа против Чиле од 36-21 во натпревар од второто коло од Х групата на Светското ракометно првенсттво.

Швеѓаните уште од почетокот ја покажаа разликата во квалитет и до крајот без поголеми проблеми стигнаа до нов триумф. Пелас имаше одлична вечер успевајќи да постигне дури 12 гола, додека кај Чиле, Фојтман заврши со седум гола.

Во понеделник Македонија од 15:30 часот против Чиле ќе се обиде да обезбеди пласман во втората фаза од шампионатот.

Норвешка стигна до првиот триумф откако беше подобра од Швајцарија со 31-25, додека Исланд го декласираше Алжир со 39-24.

Се вчитува...