Шведска подобра од Данска за 3. место во Европската одбојкарска лига

Шведска го освои бронзениот медал во годинашново натпреварување во Европската одбојкарска лига откако во натпреварот за 3. место во Копенхаген славеше против домаќинот Данска во четири сета.

Швеѓаните сосема заслужено стигнаа до бронзата славејќи против домашните одбојкари со 3-1 (25-23, 16-25, 25-19, 25-21).

На почетокот дуелот почна сосема израмнето. Првиот сет им припадна на одбојкарите на Шведска но веднаш потоа вратија Данците. Сепак, кај домаќините очигледна беше физичката и психолошката истрошеност по вчерашната жестока битка и поразот од Македонија, па во последните два сета одиграа далеку под очекувањата за конечна победа на Шведска.

Во битката за златото во Европската лига, како што е познато, од 19 часот ќе играат Македонија и Украина.

Се вчитува...