Шведска во продолженијата ја совлада Чешка и закажа меч со Полска (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Шведска ја совлада Чешка после продолженијата, и си закажа дуел со Полска за пласман на Мундијалот во Катар.

Швеѓаните добро се намачија против чешката селекција, и дури во продолженијата успеаја да го скршат отпорот со голот на Куиазон во 110. минута, иако во текот на регуларниот дел имаа и среќа (им беше поништен гол на Чесите).

Шведска сега на 29. март ќе игра против Полска, која, пак, избори директно учество во финалето по дисквалификацијата на Русија.

Голот вреден победа на следниот ЛИНК.

Се вчитува...