Швеѓаните ликуваат: Очекувавме поголем отпор од Македонија…

Шведска и со комбиниран тим успеа да дојде до повеќе од убедлива победа против Македонија на стартот на Светското првенство 2021.

Па, сосема очекувано Швеѓаните ликуваа по натпреварот во силно победничко расположение, потенцирајќи дека Македонија воопшто не бил сериозен тест за нив.

„Како и секогаш го почнав нервозно мечот, но брзо се вратив во игра и работите одлично се одвиваа за нас. Мислам дека ова не беше вистински тест за нас. Очекувавме далеку поголем отпор од Македонија. Во секој случај, пресреќни сме што почнавме со ваква победа“ –  изјави по дуелот Линус Персон кој натпреварот го заврши со шест постигнати погодоци.

Се вчитува...