Самсоненко – олигархот кој седи на две столици: Газда на спортски колективи и на кладилници!

Пред денешниот прв натпревар од 2. квалификациско коло за Лигата на шампионите меѓу Малме и Вардар, за шведските медиуми неизбежно е интересен е сопственикот на „црвено-црните“, Сергеј Самсоненко.

Во детална анализа за Самсоненко и неговите клубови во Македонија, шведскиот „Експресен“ пренесува дека 49-годишниот руски олигарх успеал да го однесе ракометниот клуб до врвот на Европа а сега на ред е фудбалскиот колектив во кој се инвестираат милионски суми.

„За првпат во историјата македонски ракометен клуб стигна до европската титула. Завиткан во македонско знаме и самиот Самсоненко го прими трофејот од ЕХФ на свеченоста во Келн, заедно со својот бизнис партнер Орце Камчев. Сега сака успеси и со фудбалскиот клуб. Никој досега во Македонија не инвестирал толку средства во спортот како милионерот од Ростов на Дон“ – пишува „Експресен“.

Шведскиот медиум ја пренесува и другата страна од приказната за Самсоненко, за кого, како што вели, не го одминуваат контроверзиите…

„Седи на две столици. Сопственикот на Вардар не е целосно неконтроверзен. Во Русија, има компании за обложување ‘Бет сити’, но истите ги има и на Балканот, а до неодамна и во Македонија. Неговата компанија, како што пренесува сајтот за истражувачко новинарство ‘Scoop’, беше под истрага на руските судови што се однесува околу сопствеништвото и нерегуларности околу исплатата во компанијата за обложување. Самсоненко е близок и до партијата ВМРО-ДПМНЕ и поранешниот премиер на Македонија, Никола Груевски. Самсоненко отворено се појави со поддршка за Груевски учествувајќи во партиски рекламен видео спот во 2014 година. Но, мора да се нагласи и дека, сопствеништвото на Самсоненко на компанија за обложување и спортски колективи во фудбал и во ракомет во исто време, се коси со Членот 25 на ФИФА за етичките правила на Светската фудбалска федерација која забранува лица вклучени во фудбалот да бидат директно или индиректно поврзани со обложување или слични активности“ – пренесува „Експресен“.

Svedska napis - print

Шведскиот медиум (комплетниот текст може да го прочитате на следниот ЛИНК), притоа пренесува и дека Вардар пред мечот со Малме конечно очекува успеси и на европската сцена, по оние две претходни сезони кога беше елиминиран уште на стартот од квалификациите за Лигата на шампионите.

Се вчитува...