Сифан Хасан го сруши светскиот рекорд на 1 милја стар 23 години

Холандската атлетичарка Сифан Хасан го сруши светскиот рекорд на трката на 1 милја на митингот од Дијамантската лига во Монте Карло.

Таа до првото место и до нов светски рекорд стигна со време од 4:12.33 што беше за 23 стотинки побрзо од 23 години стариот рекорд на Русинката Светлана Мастеркова.

 

Се вчитува...