„Сигурно Јирген Клоп триел раце и со задоволство го гледал Јунајтед“

Пресврт победата на Манчестер Јунајтед против Аталанта донесе голема возбуда на „Олд Трафорд“, но еден од оние кои не беше пресреќен за новите три бода во Лигата на Шампионите беше легендарниот фудбалер на „црвените ѓаволи“, Пол Сколс.

Англичанецот кој целата своја кариера ја помина во дресот на Манчестер Јунајтед говореше за тактиката и тоа колку може еден ваков Јунајтед да им парира на тимовите претенденти за титула.

„Ја разбирам возбудата за остварениот резултат, но јас не уживав во тоа што екипата го прикажа. Напротив, беше загрижувачки. Се прашувам дали може да се натпреварувате со подобрите тимови на тој начин? Одговорот е негативен“, изјави Сколс кој потоа додаде:

„За оние кои се нетурални тоа беше одличен натпревар, многу возбудување, голови. Но јас говорам за тоа што следи. Очекував повеќе од Јунајтед. Првото полувреме беше загрижувачко. Го гледав натпреварот и размисував за Ливерпул и Манчестер Сити. Доколку играте со два играчи за врска против нив ќе бидете во заостаток три или четири гола и нема да можете да ги надокнадите. Сигурно Јирген Клоп триел раце и со задоволство го гледал Јунајтед“

Следниот предизвик за „црвените ѓаволи“ е токму големото дерби против Ливерпул кое е закажано за в недела со почеток од 17 часот и 30 минути.

Се вчитува...