„Сигурно се сеќавате на легендарниот Карл Луис“ – Најдобриот атлетичар на 20. век

Фредерик Карлтон „Карл“ Луис (1. јули 1961 во Бирмингем, Алабама, САД) е поранешен американски атлетичар. Во 1999 е прогласен за спортист на XX век според МОК. Според американскиот магазин „Sports ilustrated“ е прогласен за „Олимпиец на XX векот“, а според многумина тој е најголемиот спортист на сите времиња.

Американскиот суператлетичар Карл Луис сите го препознаваа под прекарите „Кралот Карл“ и „Син на ветрот“. Карл е освојувач на девет златни и еден сребрен медал на четири Олимписки игри (1984, 1988, 1992 и 1996), а е и осумкратен светски првак на светските првенства од 1983 до 1993. Карл Луис со своите достигнување е еден од петте спортисти кои досега успеале да освојат девет златни медали на Олимписките игри (останати се Паво Нурми, Лариса Латинина, Марк Шпиц и Мајкл Фелпс).

Исто така, Карл ги има постигнато и подвизите на Џеси Овенс од Летните олимписки игри – 1936 кога освоил четири златни медали и на Ал Ертер кој на четири различни Олимписки игри го освоил најсјајното одличје.

„Синот на ветрот“ бил непобедлив во трките на 100 и на 200m, постигнуваше успеси и како дел од штафетата на САД 4x100m, а бил најдобар и во скок во далечина. Тој е и човекот со најголем број на резултати под 10 секунди во трката на 100 метри, а е и атлетичарот со најголем број на скокови во далечина подолги од 8,50 метри. Во перидот од 1981 до 1991, Карл Луис остварил 65 последователни победи во скок во далечина сè до историското финале на светското првенство во Токио 1991 во „двобојот на титаните“ кога бил поразен од Мајк Пауел кој за златото прескокнал 8,95 метри.

Како за споредба, досега само 10 спортисти прескокнале 8,71 метри или повеќе, а вкупно се изведени 18 скокови (на отворено и во сала) од кои Карл Луис има дури 9 (еден во сала и 8 на отворено), а останатите по еден.

Луис се квалификувал и за настап на Летните олимписки игри – 1980 во Москва и тоа во дисциплините скок во далечина и како дел на штафетата на САД 4×100 метри, но поради американскиот бојкот на игрите не настапил.

Карл освоил 7 златни медали во поединечна конкуренција што се изедначува со постигнувањето на Вера Чаславска во женска конкуренција. Единствено Рој Еври освоил 8 златни медали на Олимписките игри (1900, 1904 и 1908), но во тоа време во програма биле многу дисциплини кои денеска ги нема.

Се вчитува...