„Сигурно се сеќавате на легендарниот…“ – Паво Нурми – „Летечкиот финец“ и првата вистинска атлетска ѕвезда

Паво Јоханес Нурми (13 јуни 1897 – 2 октомври 1973) бил фински атлетичар. Се родил во Турку, Финска. Нурми е дел од финскиот атлетски состав во друштво со Ханес Колехмаинен, Виле Ритола и други кои што доминирале во атлетиката во 20-тите години на XX век.

Негова специјалност биле средните и долгите патеки однсоно неговата доминација започнувала од тркита на 1500метри, па сè до трката долга 20 километри.

Паво Нурми освоил 12 медали на Олимписките игри од кои 9 златни и 3 сребрени на Летните олимписки игри 1920, 1924 и 1928 година. Во 1932 година, тој бил подготвен за настап на Летните олимписки игри во Лос Анџелес, но бил оневозможен да учествува, бидејќи станал професионалец.

Нурми собори 22 официјални светски рекорди на растојанија меѓу 1500 метри и 20 километри. Тој исто така постави многу повеќе (58) неофицијални рекорди на овие делници. Рекордите во сала не беа официјални бидејќи ИААФ не ги ратификуваше рекордите во сала се до 1980-тите. Рекордот на Нурми за најмногу олимписки златни медали го урна легендарната  гимнастичарката Лариса Латинина во 1964 година, а потоа повеќе од неа освојуваа и пливачот Марк Шпиц во 1972 година, атлетичарот Карл Луис во 1996 година, легендарниот Мајкл Фелпс во 2008 година. Рекордот на Нурми за најмногу медали на Олимписките игри стоеше се додека Едоардо Манџароти не го освои својот 13-ти медал во мечување во 1960 година.

„Тајм“ го избра Нурми за најголем олимпиец на сите времиња во 1996 година, а ИААФ го именуваше меѓу првите дванаесет спортисти кои беа примени во Куќата на славните на ИААФ во 2012 година.

Се вчитува...