Силекс го врати Милосављевиќ во своите редови (ФОТО)

Силекс се засили со офанзивниот играч за врска Стефан Милосављевиќ.

Српскиот интернационалец од Крушевац доаѓа меѓу кратовци од редовите на Рад, по завршувањето на договорот со српскиот прволигаш. За Милосављевиќ сето ова е всушност кам-бек во клубот чиј дрес го носеше во 2018 година.

Во својата кариера Милосављевиќ има настапи и за Нови Пазар, Раднички Ниш, Мачва, Младост, Земун, Борац и Напредак.

Се вчитува...