Силекс и Ренова, против Тиквеш и Охрид, во одбрана на прволигашкиот статус

Силекс и Ренова денеска во одбрана на прволигашкиот статус против Тиквеш, односно Охрид. Двете бараж-пресметки денеска ќе ги одредат последните два клуба кои ќе ги пополнат последните две места во Првата лига следната сезона.

Силекс на националната арена „Тодор Проески“ од 16 часот ќе ги одмери силите со Тиквеш, а Ренова во истиот термин на стадионот на тренинг центарот „Петар Милошевски“ ќе се соочи со охриѓани.

Двата второлигаши силно посакуваат да ги изненадат досегашните прволигаши, и покрај тоа што објективно фаворитската улога е на страната на кратовци и „гипсарите“.

„Охрид долго го чека враќањето во прволигашкото друштво. Ова за нас претставува убава можност. Се е отворено, низ 90 минути секако се е можно, па ќе се обидеме да ја реализираме нашата цел“ – вели пред мечот тренерот на Охрид, Драган Бочески.

БАРАЖ-ПРЕСМЕТКИ ЗА ПРВА ЛИГА (денеска, 16 ч.)

Арена „Тодор Проески“: СИЛЕКС – ТИКВЕШ

Тренинг-центар „Петар Милошевски“: РЕНОВА – ОХРИД

Се вчитува...