Силекс по „скалпот“ и на „пандевци“, кои досега не знаат за победа во Кратово

Кратовски Силекс, во премиерниот натпревар од последното есенско коло во Првата македонска фудбалска лига, денеска од 13 часот пред своите навивачи го посакува и „скалпот“ на Академија Пандев.

Тимот на Горан Симов игра одлично сезонава, па огромна е желбата со позитивен резултат да се стави крај на првиот дел од шампионатот. Денешниот дуел е пресметка за второто место ако се знае дека во моментов „пандевци“ е со само три бода предност во однос на Силекс.

Последните две меѓусебни средби во Кратово завршија со победи на Силекс од 3-0 и 1-0. Интересно, досега во историјата Академија Пандев воопшто нема победа во Кратово. Од пет меѓусебни натпревари во Кратово, четири завршиле со победа на Силекс и едно реми без голови.

ПРВА ЛИГА – 18. КОЛО (денеска, 13 ч.)

Кратово: СИЛЕКС – АК. ПАНДЕВ

УТРЕ (13 ч.)

Скопје: ВАРДАР – ШКЕНДИЈА

Струга: СТРУГА ТЛ – БОРЕЦ

Скопје: ШКУПИ – МАКЕДОНИЈА ЃП

Тетово: РЕНОВА – РАБОТНИЧКИ

Се вчитува...