Фудбалерите на Силекс дојдоа до повеќе од значајна победа од 3-2 против Академија Пандев во првиот натпревар од 29. коло во Првата македонска фудбалска лига.
На дуелот во Кратово домашните запишаа три бода кои се значајни за составот на Горан Симов во битката за опстанок, и покрај тоа што на крајот сето тоа можеа и да го прокоцкаат дозволувајќи гостите од 3-0 да дојдат до 3-2.
Во првото полувреме Силекс дојде до предност од 2-0 со головите на Тантуровски во 16. минута и Манасиевски во 22. минута.
Во вториот дел на 3-0 зголеми Пепи Ѓоргиев во 76. минута, а потоа следеа два гола за „пандевци“ преку Марјан Радески во 77. минута и Бојан Димоски во 83. минута за конечни 3-2.
ПРВА ЛИГА – 29. КОЛО
Кратово: СИЛЕКС – АК. ПАНДЕВ 3-2
УТРЕ (13 ч.)
Битола: ПЕЛИСТЕР – РЕНОВА
Скопје: ВАРДАР – БЕЛАСИЦА
Тетово: ШКЕНДИЈА – БОРЕЦ
Скопје: ШКУПИ – РАБОТНИЧКИ
Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – СТРУГА ТЛ
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА