Подготвувајќи се за пролетниот дел од шампионатот, Силекс се засили со Србите Ненад Маринковиќ и Филип Осман.
Офанзивецот Маринковиќ е поранешен младински репрезентативец на Србија кој потекнува од фудбалската школа на белградски Партизан. Во својата досегашна кариера настапувал за Рад, Вождовац, Младост Лучани, турскиот Газиантеп како и Хапоел Тел Авив.
28-годишниот Филип Осман, пак, кој е играч од средниот ред, доаѓа од редовите на Колубара а претходно настапувал и за Смедерево, Бежанија, Вождовац и босанскиот премиерлигаш Славија Сараево.
Силекс претходно се засили и со 20-годишниот Антонио Божиновски од Маџари, како и со Бурхан Мустафов кој дојде од редовите на Струга Трим Лум.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА