Силекс убедливо поразен на контролата против Динамо Киев во Анталија

Македонскиот фудбалски прволигаш Силекс доживеа убедлив пораз против украинскиот Динамо Киев со 4-0 во претпоследната контрола во Анталија пред продолжувањето на сезоната во Првата фудбалска лига на Македонија.

Стрелец на три гола за Украинците беше Олександер Караваев. Кратовци ги очекува уште една пријателска против грузискиот Торпедо Кутаиси.

Во првото коло од пролетниот дел од сезоната Силекс е слободен, а веќе во втората ќе има тешка задача на домашен терен против Шкупи.

Се вчитува...