Силекс заработи 250.000 евра, за да игра во Втора лига

Со освојувањето на трофејот во Купот на Македонија и пласманот во новата УЕФА Конференциска лига, Силекс ова лето ќе си заработи најмалку 250.000 евра, европски пари.

За настап во првата кваификациска рунда во Конференциската лига македонските клубови ќе заработат по 250.000 евра, 150.000 евра за самото учество во првото коло и дополнителни 100.000 евра од солидарниот фонд како помош за помалите земји поради Ковид-19 пандемијата.

Па, со тие средства Силекс следната сезона ќе игра во второлигашката конкуренција. Силекс, по Вардар, е вториот македонски шампион кој ќе се сели во Втората лига.

Се вчитува...