Силесен ја засилува Валенсија

Холандскиот голман Јеспер Силесен ја напушта Барселона и прави трансфер во Валенсија за сума од 25 милиони евра. Во спротивна насока ќе замине голманот на Валенсија, Нето.

Силесен побара од раководството на клубот да замине од „Камп Ноу“ во потрага по поголема минутажа. Тој имаше настапи само во Купот на Шпанија минатата сезона.

Холанѓанецот ги мина медицинските прегледи и потпиша договор со „лилјаците“ каде се очекува да биде прв избор на голманската позиција.

 

Се вчитува...