Силјановски: Ги анализиравме грешките од мечот со Академија Пандев, целта сега е да се вратиме на победите

Работнички во сабота гостува во Струмица против Беласица во 24. коло од Првата македонска фудбалска лига.

По претходниот пораз од Академија Пандев (0-2) на домашен терен, капитенот Горан Силјановски вели дека Работнички го очекува тешко гостување во Струмица и дека Беласица иако е последнопласиран тим на табелата, оваа пролет покажува далеку подобри игри и има поквалитетен состав.

„Беласица е многу поквалитетен тим оваа пролет. Има неколку одлични индивидуалци во тимот и јасно ни е дека не очекува многу тежок натпревар. Ние ги анализиравме сопствените грешки на мечот против Академија Пандев и ќе се обидеме да бидеме на потребното ниво во Струмица. Целта е да се вратиме во посакуваниот ритам што го имавме пред последниот пораз. Мораме да бидеме максимално фокусирани и внимателни и да го дадеме најдоброто од себе за да успееме во нашата цел“ вели капитенот Горан Силјановски за официјалната интернет страница на клубот.

Натпреварот меѓу Беласица и Работнички е закажан за в сабота, со почеток во 15 часот, а ќе го суди Марјан Стојановски.

Се вчитува...