Силјановски: Мечот со Македонија ЃП за нас е последниот воз за Европа

Работнички денеска на националната арена „Тодор Проески“ ја пречекува Македонија ЃП во еден од најважните мечеви во пролетниот дел од сезоната, во битката за третата позиција на табелата која значи и европски изез. Победата е приоритет за „романтичарите“ доколку сакаат да го задржат чекорот во трката за излез во Европа.

Капитенот Горан Силјановски вели дека фудбалерите се свесни за тежината на натпреварот и ќе сторат се за да дојдат до целта.

„Мечот против Македонија ЃП е како финале за нас. Ако сакаме да се надеваме на излез на европска сцена, да се обидеме да се искачиме на третото место на табелата кое носи во Европа, тогаш утрешниот меч е последниот воз. Македонија ЃП има солидна бодовна предност на третата позиција и јасно е дека ни е потребна победа за да се доближиме бодовно. Свесни сме за значењето на натпреварот, верувам дека сите ќе го дадеме максимумот и ќе се обидеме да го надиграме противникот за кој имаме максимален респект“ – вели капитенот Горан Силјановски за официјалната интернет-страница на клубот.

Натпреварот меѓу Работнички и Македонија ЃП ќе го суди Игор Стојчевски.

ПРВА ЛИГА – 28. коло (денеска, 13 ч.)

Струга: СТРУГА ТЛ – ПЕЛИСТЕР

Скопје: РАБОТНИЧКИ – МАКЕДОНИЈА ЃП

Велес: БОРЕЦ – ШКУПИ

Струмица: БЕЛАСИЦА – ШКЕНДИЈА

Струмица: АК. ПАНДЕВ – ВАРДАР

ВЧЕРА

Тетово: РЕНОВА – СИЛЕКС 2-1

Се вчитува...