„Силно сакавме да го донесеме Кејн, но Тотенхем 4 пати одби да го пушти“

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола зборуваше за можноста Хари Кејн да дојде на „Етихад“. Тој вели дека биле блиску да го земат, но дека Тотенхем на крајот не сакал да чуе да го пушти.

„Сега можам да кажам дека Хари Кејн не дојде кај нас, но се обидовме да го ангажираме. Меѓутоа Тотенхем не сакаше да чуе да го пушти. Ако се случи да бидеме одбиени 2,3,4 пати, тогаш знаеме дека е готово“, рече Гвардиола.

Кејн на крајот се реши да остане во Тотенхем, а вчера со два гола самиот го совлада Сити и ја направи трката за титулата уште поинтересна.

Се вчитува...