Силва: Го прашав Дибала дали доаѓа во Челси, а тој…

Паоло Дибала кариерата може да ја продолжи во редовите на Челси откако англискиот великан изрази голем интерес за негов ангажман. За премин на Аргентинецот на „Стемофрд Бриџ“ не работи само раководството на клубот, туку и неговите играчи.

Тијаго Силва кој е добар пријател со Дибала откри дека му испратил порака за преселба во Челси, порака на која фудбалерот на Рома се уште нема вратено.

„Го прашав Дибала дали доаѓа во Чесли, а тој само молчи. Тој е врвен фудбалер нормално дека го терам да дојде кај нас во клуб. Ќе биде многу значајно доколку потпише за Челси“, изјави Бразилецот.

Се вчитува...