Силва ја зеде „деветката“: Чест е да се бранат боите на Милан

Милан денеска добива уште едно огромно засилување, откако Андре Силва ги мина лекарските прегледи и ќе го стави својот потпис на договорот со поранешниот европски првак. Одличниот голгетер кој доаѓа од Порто за почетна сума од 30 милиони евра (дополнителни 10 преку неколку различни клаузули) не го криеше задоволството што станува предводник на новиот амбициозен проект на кинесите газди н Милан.

Чувството е прекрасно, чест е да се бранат боите на гигант како Милан и ќе сторам се за да помогнам овој тим повторно да атакува на трофеи“ – истакна Силва по лекарските прегледи.

Младиот Португалец им порача на новинарите да престанат со споредбите со Кристијано Роналдо.

Јас сум наследник на Кристијано? Сметам дека тие споредби и коментари треба да престанат, бидејќи јас треба да минам долг пат за да можам да се споредувам со Роналдо. Тој е мојот идол“ – порача Андре Силва.

Се вчитува...