Силва: Мојата иднина не е во Манчестер

Португалскиот репрезентативец Бернардо Силва повторно се поврзува со заминување од Манчестер Сити. Тој во текот на летото беше таргет на Барселона, но каталонскиот и манчестерскиот клуб не успеаја да се договорат за сумата на трансферот па и покрај тоа што отпадна посакуваниот премин во Шпанија, тој повторно говореше на оваа тема.

Дваесетиосумгодишникот вели дека допрва ќе разгледува што и како во иднината, но не ја исклучи можноста за премин во друга средина доколку постои амбициозен план.

„Во јуни ќе видиме што е најдобро за мене. Фокусиран сум на проектот на Манчестер Сити, мојот договор истекува кога ќе имам 31 година и не сакам да кријам дека моите цели за следните години можеби се и надвор од Манчестер. Секако доколку се појави добра понуда и примамлив проект на голем клуб“, вели Силва.

Се вчитува...