Силверстоун останува во Формула 1 и во следните 10 години

Трката на ГН во Велика Британија во Формула 1 на патеката Силверстоун, ќе остане во календарот на Формула 1 до 2034 година, објави денеска генералниот директор на Ф1, Стефано Доменикали.

Силверстоун е една од настарите патеки во Формула 1 циклусот, и натаму привлекува големо внимание за сите фанови на овој спорт.

„Силверстоун е патека која се наоѓа во срцето на историјата на Формула 1 и се ближи до деветтата декада откако на неа возат најдобрите пилоти. Овој настан и натаму привлекува навивачи од сите делови на светот, за да го доживеат ова неверојатно искуство“, рече Доменикали.

Овогодинешната трка во Силверстоун ќе се одржи на 7. јули.

Се вчитува...