„Симеоне е опседнат со фудбалот, за него може да се сними и филм…“

Англискиот репрезентативец Киран Трипие, зборуваше за односот со тренерот на Атлетико, Диего Симеоне, потврдувајќи ги гласините дека аргентинскиот стратег е фанатик во барањата од своите фудбалери.

Десниот бек имаше неколкугодишна успешна соработка со Симеоне, чие гледиште за фудбалот е поинакво од останатите врвни стратези.

„Бев возбуден што можам да играм за него. Начинот на кој го гледа теренот е друг од останатите, премногу е емотивен. Имаше моменти кога лежев во кревет, а тој ми се јавуваше. Тоа беше лудост, немав никогаш доживеано такво нешто. Ми зборуваше како можам да бидам подобар, а јас сакав да спијам. Ми пишуваше пораки, се јавуваше, зборуваше за играта. Емоционално е вистинскиот збор да се опише“, рече Трипие.

„Секој момент е опседнат со фудбалот. Документарен филм за него може да се снима. Неверојатен менаџер од кого многу научив“, рече Трипие кој сега настапува за Њукасл.

Се вчитува...