Симеоне: Феликс мора уште многу да напредува

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне вели дека Жоао Фелиск ги исполнил неговите очекувања во првиот натпревар кој го одигра во шпанската Ла лига, но додава дека младиот фудбалер мора уште многу да напредува.

„Првиот натпревар во сезоната никогаш не е лесен. Тие играа одлично во одбраната и не му дозволуваа на Феликс многу простор. Сепак, покажа што знае и се надевам дека во наредниот период ќе биде уште подобар. Мора да напредува“, изјави Симеоне. 

Атлетико Мадрид со 1-0 го совлада Хетафе во премиерниот натпревар, а младиот Португалец имаше одлична партија успевајќи да изнуди пенал, кој не успеа да го реализира Алваро Мората.

Се вчитува...