Симеоне: Не е лесно да се игра со десетмина на „Камп Ноу“

Атлетико Мадрид потклекна во финишот на „Камп Ноу“ и загуби од Барселона со 2-0. Со тоа веројатно и е разрешена битката за шампионската титула во Ла Лига, но тренерот Диего Симеоне е горд на изданието на своите фудбалери. Вели дека тимот одиграл посветено и храбро, а исклучувањето на Диего Коста во првото полувреме било пресудно.

„Одигравме посветено, се боревме за секоја топка. Не можам ништо да им забележам на фудбалерите. Не е лесно да се игра со десетмина на „Камп Ноу“. Не знам што му кажал Диего Коста на судијата, но ако тие зборови се вистина, тогаш заслужил црвен картон. Потоа игравме со четворица во средниот ред и тоа функционираше се до финишот. Но, Барселона на крајот знаеше да ја искористи предноста. Не е залуден настапот до крајот на Ла Лига, ќе се бориме да освоиме најмногу бодови што можеме“, изјави тренерот на Атлетико Мадрид.

Барселона има 11 бода предност пред Атлетико Мадрид на врвот на табелата пред последните седум кола од Ла Лига.

Се вчитува...