Симеоне: Не го споредувајте Феликс со Роналдо

Атлетико Мадрид триумфираше со 2-0 над олстар-тимот на МЛС-лигата, а во главна улога беше Жоао Феликс. Младиот Португалец го заврши натпреварот со еден гол и една асистенција, потврдувајќи го неверојатниот потенцијал што го поседува. Диего Симеоне не криеше дека е задоволен од играта на својот тим, но и побара од новинарите да не ја споредуваат неговата нова млада „ѕвезда“ со сонародникот Кристијано Роналдо.

„Задоволен сум од играта на сите млади фудбалери. Жоао Феликс игра се подобро, но тоа е разбирливо. Сепак, не ми се допаѓаат споредбите со Кристијано Роналдо бидејќи двајцата воопшто не се слични фудбалери, а и се создава притисок врз младиот играч. Мое е да му помогнам да го оствари својот потенцијал, да стане најдобар фудбалер“ – изјави Симеоне.

Атлетико плати 125 милиони евра за да го доведе Жоао Феликс од Бенфика, a пред младиот Португалец е сериозен предизвик – да го наследи Антоан Гризман во тимот на „јорганџиите“.

Се вчитува...