Симеоне: Одам во кино и таму размислувам дали да игра Феликс или Кореа

Диего Симеоне дише за фудбал. Аргентинскиот стратег кој е на клупата на Атлетико Мадрид од 2011 година е добро познат по својот темперамент кој можеше да го видиме и на натпреварите, а сега во интервју за „Ole“ изјави дека 24 часа во денот размислува за фудбал.

Имено, како што вели Симеоне дури и во моментите кога треба да се релаксира, како коа гледа филм во кино, тој размислува кој да го започне следниот натпревар

„За фудбалот се живее 24 часа во денот. Не е возможно човек да се ослободи, колку и нешто да се обидува да му го одземе вниманието. Одам во кино и доколку филмот трае час и пол, таму размислувам дали следниот натпревар да го започнам со Жоао Феликс или Кореа. Такво нешто е тешко да му објасните на човек. Наутро пред тренинзите имаме состанок со останатите тренери преку Зум за да се договориме што ќе работиме. По тренингот остануваме да видиме какви ни се задачите за следниот ден. Во текот на неделата се слушаме милион пати“, изјави Симеоне.

Се вчитува...