Диего Симеоне не го криеше своето разочарување по поразот на Атлетико Мадрид од Ливерпул од 2-1 на „Енфилд“ во првото коло од Лигата на шампионите.
Мадриѓаните одиграа добро прво полувреме, но потоа значително паднаа, што Ливерпул го искористи за да направи пресврт. Симеоне верува дека падот на концентрацијата и големиот број грешки се најголемиот проблем на неговиот тим.
„Мислам дека е нормално што не можеме да играме на исто ниво во второто полувреме. Тоа значи дека не сме доволно физички подготвени. Во првото полувреме игравме добро, во второто не. Тогаш почнувате да правите грешки и целиот труд што го вложувате практично станува фуснота“, рече Симеоне.
Аргентинецот потсети дека слично сценарио се случило неколку дена претходно, кога Атлетико беше поразен од Атлетико Билбао со 3-0.
„Ни се случи во Билбао. Сега се случи и тука на Енфилд. Но, искрено, најважни се резултатите. Деталите се исто така важни. Примивме многу гола – три во Билбао, еден во Севиља, два вечерва. Тоа е одговорност на целиот тим. На крајот и да имате некои позитивни нешта, поразот нив ги брише“ – вели Симеоне.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
