Симеоне: Реал е беспрекорен, Анчелоти направил неверојатно агресивен тим

Атлетико Мадрид синоќа загуби од Реал со 2-0, а тренерот на шпанскиот шампион Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, посебно му честиташе на градскиот ривал Реал за победата во големото дерби на „Сантијаго Бернабеу“.

Тренерот на „јорганџиите“ изјави дека му се допаѓа стилот на тимот предводен од Карло Анчелоти.

„Агресијата и упорноста се една од најважните компоненти во модерниот фудбал. Во нив Реал е беспрекорен. Имавме шанси на почетокот на вториот дел, но потоа противникот постигна одличен гол за 2-0. Во натпреварот влеговме по големото психолошко оптоварување кое го придружуваше гостувањето кај Порто“, дополни Симеоне.

Се вчитува...