Симеоне: Сакав да го донесам Меси во Атлетико, но сонот траеше само три часа

Лионел Меси во Атлетико Мадрид? Можете ли да замислите таков еден трансфер на Аргентинецот, кој го најави Диего Симеоне, односно кажа дека мечтаел за него во летниот преоден рок, кога Меси објавил заминување од Барселона.

Симеоне кажа дека веднаш му се јавил на Суарез за можноста да дојде Меси, но дека неговата желба згаснала за само три часа откако ПСЖ објавил дека е заинтересиран, со што било јасно каде ќе продолжи.

„Кога се дозна дека Меси заминува од Барселона, веднаш му се јавив на Луис Суарез. Го прашав дали би мошело да се случи Меси да дојде кај нас и дали има минимална шанса да направиме таков трансфер. Додека мечтаев за Меси да дојде во Атлетико, се јавија од ПСЖ и објавија дека го сакаат Меси. Само три часа траеше мојот сон тој да ни се приклучи“, откри Симеоне.

Се вчитува...