Симеоне си најде нов десен бек во Лондон

Потрагата на Диего Симеоне по нов десен бек ќе заврши во следните 24 часа, со официјализација на трансферот на Киран Трипие од редовите на Тотенхем. Челниците на Атлетико Мадрид постигнаа договор со „спарси“ почетната вредност на трансферот да изнесува 25 милиони евра, а англискиот репрезентативец во текот на утрешниот ден ќе ги мине лекарските прегледи пред да потпише четиригодишен договор со мадридскиот клуб.

Атлетико беше во потрага по нов десен бек откако Хуанфран реши по истекот на договорот да си замине од оваа екипа. Примарна цел на Симеоне беше Семедо од Барселона, но каталонскиот гигант тактизираше во преговорите, чекајќи дали најпрвин ќе успее да го обезбеди потписот на Дани Алвеш. На Симеоне очигледно му се брзаше, па на негово инсистирање беа интензивирани преговорите со Тотенхем за Трипие.

Атлетико Мадрид е на прагот на потпис со уште еден нов фудбалер, Марио Хермосо од Еспањол.

Се вчитува...