Симиќ: Продолжуваме со крената глава, ќе бидеме уште подобри

Работнички по голема борба загуби минимално од МЗТ Скопје во дуелот од Суперкупот на Македонија, а тренерот Тони Симиќ генерално е задоволен од она што неговите кошаркари го прикажаа на теренот против вечниот ривал.

Поразот сигурно боли, но за Симиќ многу позначајно е што тимот што е целосно променет во однос на ланскиот ростер успеа да му парира на актуелниот шампион.

„Пред сè, ова беше добар натпревар, а со оглед на тоа што ова беше прв официјален меч за нас по целосната реорганизација, јас сум презадоволен од момците за она што го прикажаа во овој Суперкуп. Ние сме ‘нова’ екипа и сметам дека клучно беше нашето неискуство и на моменти невоиграност. Нè очекува тешка и напорна работа, но се надевам дека сме на добар пат и дека во иднина ќе биде уште подобро. Треба да извадиме поуки од нашите грешки, но ништо не е изгубено и продолжуваме со крената глава. Играме без притисок, со желба постојано да напредуваме“, изјави Симиќ.

Се вчитува...