Симона Халеп ја освои титулата во Торонто!

Романската тенисерка Симона Халеп победи на ВТА турнирот во Торонто. Таа во финалето ја совлада Бразилката Беатрис Хадад Маија со 2-1 (6-3, 2-6, 6-3), а натпреварот траеше два часа и 18 минути.

До финалето Халеп не загуби ниту еден сет, но во борбата за трофејот се сретна со одлична противничка.

Бразилката пружи силен отпор, но Романката беше подобра во клучните поени и заслужено славеше. Симона Халеп по трет пат во кариерата го освои овој турнир кој наизменично се игра во Торонто и Монтреал. Таа претходно беше најдобра на „Роџерс купот“ во 2016 и 2018 година.

Најдобрите светски тенисерки сега се селат во Синсинати каде ќе следи уште еден турнир од Премиер серијата.

Се вчитува...