Симоновски во Топ 3 стрелци во Финска: „Се препородив по доаѓањето во Лахти…“

Македонскиот напаѓач Марко Симоновски игра одлична сезона во најсилната лига на Финска, по доаѓањето во редовите на Лахти.

Во последниот свој настап викендов, Симоновски го постигна и 13-от свој гол сезонава за Лахти во ремито (1-1) против РоПС. Со 13 гола, македонскиот фудбалер сега е на третото место на листата на најдобрите стрелци во Финска, со еден гол заостанување зад Гангасколка од Мариахамн и Нгеуекам од Илвес, кои имаат по 14 гола.

„Се чувствувам навистина одлично по доаѓањето во Лахти. Секако мора да бидам задоволен и од мојот ефект во клубот, но мислам дека најважно е што бележиме добри резултати и остануваме во трка и за шампионската титула“ – вели Симоновски по новиот одличен натпревар за својот ти,

  • Новиот погодок за Симоновски во дресот на Лахти, против РоПС, може да го погледнете на временскиот исечок – 4:00…

Лахти на пет кола до крајот на првенството е на втората позиција на табелата со 46 бода, пет помалку од водечкиот Хелсинки.

Се вчитува...