Симов: Мечевите како Силекс – Вардар ќе ја вратат публиката на стадионите во Македонија

Најголемо изненадување во досегашниот дел од сезоната во Првата македонска фудбалска лига е Силекс, кој бележи одлични резултати, а во последното коло успеа да остане непоразен и против лидерот на табелата Вардар. Шефот на стручниот штаб на клубот од Кратово, Горан Симов вели дека натпреварите како тој против Вардар ќе ја вратат публиката на фудбалските стадиони во Македонија.

„Натпревари како тој меѓу Силекс и Вардар верувам дека ќе ја вратат публиката на терените. Искрено малку сум тажен што изгубивме три бода, но и среќен бидејќи можевме да останеме и без тој еден. Ние сме тим што игра без калкулации и на гол повеќе. Мислам дека натпреварот против Вардар пред се беше одличен меч во кој и двете екипи не заслужија да загубат“, вели Симов. 

До крајот на есенскиот дел Силекс го очекува уште два натпревари.

„Не очекуваат уште два натпревари до крајот на есенскиот дел на сезоната. Првата лига не била никогаш поизрамнета. Секој секого може да победи и сите екипи играат убав фудбал. Со две победи можеме да бидеме втори, но со два порази можеме да бидеме трети од позади“, завршува Симов.  

Во 17. коло Силекс ќе му гостува на последно пласираниот Работнички, додека во последното коло од есенскиот дел ќе ја пречека Академија Пандев.

Се вчитува...