Симов: Работнички има одличен тим, Силекс оди во Скопје да се надигрува

Со натпреварот меѓу Работнички и Силекс ќе се отвори 20. коло во Првата македонска фудбалска лига. Тренерот на „кратовци“ Горан Симов вели дека Работнички во моментов има подобар тим отколку во првиот дел од сезоната, но дека Силекс оди во Скопје да се надигрува.

„Криво ми е што не земавме барем бод против Шкендија, бидејќи одигравме навистина квалитетен натпревар. Прекините се наш најголем проблем и во пријателските натпревари и сега со Шкендија не чинеа пораз. Мораме да поработиме на тоа. Работнички во моментов е многу подобар тим него што беше во есенскиот дел од сезоната. Лука Станковски покажува дека е вистински бисер. Имаат уште неколку одлични фудбалери. Силекс оди во Скопје да се надигрува. Очекувам убав отворен натпревар, а на крајот нека победи подобриот и посреќниот“, изјави Симов. 

Натпреварот со кој ќе стартува 20. коло во Првата македонска фудбалска лига е закажан за во сабота во 14 часот на арената „Тодор Проески“ во Скопје.

Се вчитува...