Италијанскиот тенисер Јаник Синер ја одбрани титулата на турнирот на „Шесте крала“ откако вечерва во реприза на финалето од минатата година го прегази Карлос Алкараз со убедливи 2-0, по сетови 6-2 и 6-4.
Италијанецот одигра еден доминантен натпревар во кој во ниту еден момент не му дозволи на противникот да се понадева дека може да стигне до поволен резултат.
Претходно во мечот за третото место Новак Ѓоковиќ при негатива од 1-0 (7-6) мораше да му предаден на Тејлор Фриц поради замор.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

