Синер и Швјонтек го продолжуваат походот кон трофејот на УС опен

Најдобрите тенисери во машка и женска конкуренција, Јаник Синер и Ига Швјонтек продолжуваат на сигурен начин да чекорат кон титулата на последниот гранд-слем турнир во сезоната, УС опен.

Италијанацот во осминафиналето со максимални 3-0, по сетови 7-6, 7-6 и 6-1 славеше над домашниот тенисер Томи Пол. Американецот во првите два сета беше одличен, но и тоа не беше доволно да направи нешто повеќе од тај-брејк. Во последниот сет Синер славеше со рутински 6-1 за четвртфинале против Русинот Данил Медведев.

Ига Швјонтек на убедлив начин славеше против Русинката, Лудмила Самсонова со 2-0, по сетови 6-4 и 6-1. Во четвртфиналето Швјонтек за противник ќе ја има домашната тенисерка Џесика Пегула.

Се вчитува...