Најдоброрангираниот тенисер на светот, Јаник Синер потврди дека е во врска со Лајла Хасановиќ, данската манекенка со потекло од Босна и Херцеговина.
Лајла која има потекло од Сребреница за прв пат беше видена во јавноста со италијанскиот тенисер на Ролан Гарос, но сега парот, тогаш негираше дека има нешто повеќе од пријателство. Сега Синер ја потврди врската па во медиумите во поранешна југославија веќе се појавија шеги дека ќе стане босански зет.
Дваесетичетиригодишната манекенка која беше финалистка во изборот „Мiss Universe“ во Данска во 2019 година веќе има изградено кариера во модната индустрија и соработува со познати брендови, a во светот на спортот е и позната по врската која ја имаше со Мик Шумахер, синот на легендарниот германски Формула 1 возач, Михаел Шумахер.
Laila Hasanovic og Jannik Sinner spottet i Paris: Puster til datingrygter https://t.co/IHLPnFy7Vj pic.twitter.com/EBxXja7RYw
— Ekstra Bladet (@EkstraBladet) June 13, 2025
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

